сабота, 27 јули 2024

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да преговараме со Русија

Украина во одреден момент ќе мора да стапи во преговори со Русија за да се стави крај на повеќе од двегодишната војна, изјави висок функционер на украинската разузнавачка служба, генерал-мајор Вадим Скибитски.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Економист, кој пишува дека украинскиот генерал „не гледа начин Украина да ја добие војната само на бојното поле“, тој рече дека и двете страни во моментов се борат за „најповолна позиција“ пред потенцијалните преговори.

„Но, значајните преговори може да започнат најрано во втората половина на 2025 година“, проценува Скибитски, заменик-шефот на украинската воена разузнавачка агенција ХУР.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли разговорите со Кремљ, а декретот што тој го издаде откако Русија анектираше четири украински региони во 2022 година, преговорите со Владимир Путин ги оцени за „невозможни“. Скибитски, сепак, за Економист изјави дека разговорите на крајот ќе бидат неопходни, како што би било случај со секоја војна.

„Генералот Скибитски вели дека не гледа начин Украина да ја добие војната само на бојното поле. Дури и ако успее да ги турне руските сили назад до границите – што е сè подалечна перспектива – нема да стави крај на војната“, пишува лондонскиот весник.

Зеленски и други официјални лица изјавија дека Русија не била поканета на „мировниот самит“ планиран во Швајцарија во јуни, бидејќи, како што велат, нема гаранции дека Москва ќе разговара со добра волја.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека средбата не може да биде „сериозна конференција со сериозни очекувања за некаков резултат“ без присуство на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ