сабота, 2 ноември 2024

Украински пратеник забележан во луксузен хотел на Малдивите, Зеленски: „Предавник“

Објавено на

часот

Сподели

Според информативниот портал Слодство-инфо Јуриј Аристов, 48-годишен пратеник на партијата на Зеленски, Слуга на народот, бил забележан во средината на јули во хотел со пет ѕвезди на тој архипелаг во Индиски Океан.

Шефот на партијата во парламентот, Давид Арахамија, преку соопштение рече дека бара итно суспендирање на тој пратеник во неговата пратеничка група, како и проверка на сите службени патни исправи и други информации.

Претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук изјави дека добил писмо со оставка од Аристов, кој е и заменик-претседател на парламентарната комисија задолжена за национална безбедност, одбрана и разузнавање, чија улога е мошне стратегиска.

Тој рече дека оставката ќе се разгледува на следната пленарна седница на парламентот.

Во Украина е потребно парламентарно гласање за сменување на избран пратеник.

Претседателот Зеленски рече дека ако Аристов повеќе ги сака островите и одморалиштата во време на војна, тој е „предавник на државните принципи“.

„Секое внатрешно предавство, секоја ‘плажа’ или какво било лично богатење наместо да се бранат интересите на Украина, ќе предизвика во најмала рака гнев“, рече Зеленски во своето обраќање.

„Треба да работите во Украина и за интересите на украинскиот народ“, им рече тој на пратениците, функционерите и другите државни службеници.

Условите за патување во странство за државните службеници и парламентарците се строго регулирани од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година и воведувањето на вонредната состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ