четврток, 20 март 2025

Украински пратеник до Зеленски: Извини му се на Трамп, ова не е детска градинка

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го повика претседателот Володимир Зеленски да се извини за своето однесување за време на последната посета на Белата куќа, каде пред камерите дојде до жестока кавга меѓу него, американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гончаренко, член на опозициската партија Европска солидарност, изјави за Би-би-си дека Зеленски требало да постапи поинаку, додавајќи: „Ова не е детска градинка, ова не е бокс меч. Тука станува збор за животите на милиони луѓе. Што е поважно – гордоста на претседателот Зеленски или судбината на милиони луѓе за кои тој е одговорен? Тој мора да се извини“.

Зеленски минатиот петок ја посети Овалната канцеларија во Белата куќа, надевајќи се на позитивни разговори со американскиот претседател и потпишување на договор за минералите меѓу Киев и Вашингтон. Меѓутоа, средбата брзо ескалираше поред очите на светската јавност, поради тоа што Зеленски, барем според Трамп и Венс, не сакаше да покаже поголема благодарност за годините американска помош.

Особено беше жестоко меѓу Зеленски и Венс, а американскиот потпретседател го обвини украинскиот претседател дека „пред американските медиуми води расправа за ситуацијата“. Неколку минути по наглиот крај на состанокот Трамп на социјалните мрежи објави дека Зеленски „може повторно да дојде кога ќе биде спремен за мир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ