четврток, 26 декември 2024

Украински политичар упаднал на седница и фрлил три бомби, еден загинат и повеќе ранети (ВИДЕО)

Член на селски совет детонирал најмалку три бомби во преполна просторија во зграда на локалната управа во Керецки во Закарпатската област, соопшти украинската национална полиција. Според прелиминарните информации, најмалку едно лице загинало, а 26 се ранети, меѓу кои шест во тешка состојба, јавува Киев индипендент.

Објавено на

часот

Сподели

Не е познато дали функционерот кој ги активирал бомбите е ранет или убиен. Од полицијата порачаа дека инцидентот се истражува како потенцијален терористички напад. Властите не го објавија идентитетот на осомничениот извршител, но Украинска правда и други медиуми јавуваат дека станува збор за Сергеј Батрин, член на партијата Слуга на народот.

Состанокот на селскиот совет бил пренесуван во живо на Фејсбук. На снимката се гледа човек како влегува во просторијата за време на жестока расправа, околу 90 минути по почетокот на состанокот. Потоа стои крај вратата 30 секунди пред да фрли три бомби на средината на просторијата.

Снимката е вознемирувачка:

Регионалната медиумска куќа Закарпатија24 споделила видео во кое Батрин се жали на други локални функционери. Истиот медиум соопшти дека Батрин претходно се расправал со колегите кои поддржале зголемување на платата за шефот на селскиот совет.

Пред да ги детонира бомбите, Батрин наводно се расправал и со своите соработници кои одбиле да застанат на негова страна. Тој наводно заминал и се вратил со бомбите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ