петок, 27 декември 2024

Украински министер ја откажа посетата во Франција од „безбедносни причини“

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ја откажа планираната посета на Франција од безбедносни причини, објави во соопштението француското Министерство на вооружените сили. Посетата требаше да се одржи денеска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Умеров и неговиот француски колега Себастиен Лекорну, наместо тоа, денеска ќе одржат видеоконференција. Се очекува разговор за формирање „артилериска коалиција“ заради засилување на Киев во војната против Русија, пренесе Франс24.

Оваа коалиција, предводена од Франција и од Соединетите Држави, е една од компонентите на Контактната група за одбрана на Украина (УДЦГ, позната и како група Рамштајн), во која се повеќе од 50 земји на страната на Киев во војната против Русија.

Целта на оваа артилериска коалиција составена од 23 држави „ќе ѝ биде координација на напорите за помош на Украина да воспостави артилериски сили способни за потребите на контраофанзивата и за нејзината идна војска, краткорочно и долгорочно“, соопшти претходно француското Министерство на вооружените сили.

Министрите Лекорну и Умеров планираа денеска попладне да ја посетат индустриската градба на фабриката Некстер во Бурж, која произведува хаубици Цезар за Киев. Исто така, требаше да го посетат производителот на проектили МБДА во Сел-Сен-Дени во источниот дел на Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ