сабота, 27 јули 2024

Украински гувернер: Во руските напади врз Херсон ранети се 11 лица, меѓу кои и деветмесечно бебе

Во вечерашните руски артилериски напади врз станбени населби во јужниот украински град Херсон, ранети се 11 лица, меѓу кои и 27-годишна мајка и нејзиното деветмесечно бебе, соопшти во неделата гувернерот на Херсон, пренесе Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Украина повторно го зазеде градот во ноември 2022 година, но тој останува во дометот на огнот на руските трупи.

„Херсон преживеа уште една ужасна ноќ“, додека руските сили „вршеа долги артилериски напади врз градот и неговата околина“, рече регионалниот гувернер Олександар Прокудин.

Мајката и доенчето се хоспитализирани со умерени рани, рече тој, додавајќи дека е ранет и 33-годишен лекар од Црвениот крст.

Гувернерот објави видео на интернет на кое се гледа повеќекатна станбена зграда со оштетени прозорци и ѕидови.

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина Андриј Јермак изјави дека „тактиката на терор е она во што верува Русија“.

Тој дел од регионот Херсон, кој е под контрола на Украина, издржал 59 руски напади, рече гувернерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ