четврток, 16 јануари 2025

Украинската војска тврди дека заробила 27 руски војници во Русија

Украинската војска денеска соопшти дека заробила 27 руски војници во руската област Курск, чиј мал дел е под контрола на силите на Киев од август 2024 година.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Украинските падобранци и други единици заробија 27 руски војници за време на воените дејствија во руската Курска област, соопшти прес-службата на Воздухопловните трупи.

„Меѓу нив има офицери, наредници и војници од моторизирани единици, маринци, воздухопловни трупи и други единици, кои доаѓаат од различни руски региони и окупираниот град Севастопол“, објави прес-службата на својот канал на Телеграм.

Армијата објави и видео на кое заробените војници го откриваат својот идентитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ