среда, 23 октомври 2024

Украинската ПВО собори четири руски ракети и 15 нападни дронови

Украинската воздушна одбрана синоќа собори четири проектили и 15 нападни дронови лансирани од Русија, соопштија Воздухопловните сили на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Две балистички ракети Искандер-М/КН-23, две наведувани ракети Х-59 и 15 нападни беспилотни летала беа соборени над регионите Киев, Керсон, Николаев и Хмелницки“, се вели во соопштението, а пренесува Интерфакс Украина.

Се прецизира дека четири балистички ракети Искандер-М/КН-23 биле истрелани на Киевската област од Воронешката област во Русија и две наведувани авионски ракети Х-59 од воздушниот простор над Азовското Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ