сабота, 27 јули 2024

Украинска тајна служба: Спречивме серија руски бомбашки напади

Украина денеска соопшти дека спречила руски диверзии дизајнирани како серија бомбашки напади врз трговски центри и кафуле во главниот град Киев, како и врз индустриско претпријатие во градот Лавов во западниот дел на земјата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Двајца руски воени агенти се уапсени под сомнение дека се вмешани во наводен заговор и запленети се 19 експлозивни направи“, објави украинското обвинителство на апликацијата Телеграм, пренесува Ројтерс.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека четири бомби биле наменети за напад во главниот град на 9 мај, денот кога Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година.

„Според планот на руските специјални служби, експлозивите требало да бидат активирани во супермаркетите за време на шпицот, за да се нанесе максимална штета на цивилното население“, се вели во соопштението на СБУ.

Според информациите на СБУ, експлозивни направи во пакетчиња со чај требало да бидат поставени во трговските центри во Киев, а бомбата требало да биде поставена во автомобил во близина на прометно кафуле.

Нападот врз наменската индустриска компанија во Лавов требало да се случи минатиот февруари, според соопштението на службата за безбедност на Украина.

Од Русија засега нема коментар за овие обвинувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ