четврток, 30 мај 2024

Украинска делегација во работна посета на Македонија, прв пат од почетокот на војната

Украинска делегација предводена од заменик-министерот за земјоделска политика и храна Маркијан Дмитрасевич оваа недела ќе престојува во земјава за да ги слушне, но и за да ги согледа практично, на терен, македонските искуства на патот кон ЕУ во делот на аграрот. Зошто Северна Македонија е најдобра во регионот по искористувањето на ИПАРД средствата, како фунционира Платежната агенција, кои се придобивките од консолидацијата на земјиштето, но и предностите од воспоставената Мрежа за сметководствени податоци од фарма (ФАДН), се само некои од успешните политики на земјава кои ќе им бидат презентирани на гостите од Украина.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Првите работни средби на македонските и украинските колеги се одржаа утрово во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе продолжат и наредните денови.

Како што најави домаќинот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на заедничката прес-конференција со Дмитрасевич, укрианската делегација ќе посети семејна винарија во Росоман, ќе види како работат Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) и некои од подрачните единици на МЗШВ и директно ќе се запознае со принципот на окрупнување на површините во Пелагонија.

Николовски и Дмитрасевич најавија зголемување на соработката, посебно во делот на трговската размена.

Дмитрасевич се заблагодари за севкупната досегашна поддршка од македонската страна.

„Се заблагодаруваме за македонската политичка и воена поддршка, како и за тоа што се придруживте кон санкциите врз агресоторт. Таа поддршка нема никогаш да ја заборавиме. Иако постојано се случуваат воени судири, иако Русија ги бомбардира и градовите и воените позиции на украинската армија и со ракети и со дронови, за нас е многу важно да се стремиме кон ЕУ и да се движиме кон таа цел. Сфаќаме дека овој пат нема да биде лесен и едноставен особено во доменот на земјоделството. Затоа сме благодарни и на Европската комисија, но и на Република Македонија за можноста да бидеме тука и да се запознаеме со се што може да понуди вашата земја. Воочуваме можности да се прошири трговската размена најпрво во земјоделството. Заедно ќе се работиме на зголемување на протокот на стоки од Македонија во Украина и од Украина во Северна Македонија“, истакна заменик-министерот.

Според Николовски, Македонија и Украина и досега имаа добра соработка, трговската размена се зголемува, но има голем потенцијал и простор за проширување.

„Минатата година потпишваме измени и дополнувања на Договоорт за слободна трговија со кој се овозможи целосна либералиција за извоз на макеоднски домати, зелка, краставици, грозје, јаболка, но и увоз на украинско месо, месни производи и производи од маслодајни култури. Договорот стапи во сила во јули 2023“, рече Николовски.

Потенцира и дека Македонија се покажа како искрен пријател и поддртжувач на Украина од почетокот на руската инвазија.

„Драго ми е што Украина и покрај воената криза значитечлно напредува на европскиот пат кој е и наш пат, а уште повеќе што ние ќе им го олесниме патот. И ние и тие немаат друга алтернатива“, подвлече министерот.

Тој потсети дека земјава во однос на останатите кандидати за членство во ЕУ е посочена од Европската комисија како една од најнапредните во усогласеноста на земјоделските политки и законодавството, како и според користењето на ИАПРД фондовите, што е уште една потврда, рече, за добро завршената работа.

„Украина е во почетната фаза од правните прилагодувања во делот на Законот за земјоделство, од воспоставувањето на Платежната агенција и користењето на претпристапните европски средства“, истакна Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ