сабота, 19 октомври 2024

Украинец дизајнирал трактор кој уништува мини. Го склопил од делови на руски тенкови

Објавено на

часот

Сподели

Олександр Кривцов, генералниот директор на сопствена земјоделска компанија, одлучи дека не може да ги чека преоптоварените официјални пиротехничари да му ги исчистат нивите. Наместо тоа, тој дизајнирал трактор на далечински управувач кој може да издржи експлозии. Користејќи го оклопниот дел од оштетените руски воени возила, тој ја заштитил каросеријата на тракторот. Потоа купил систем кој му дозволувал на неговиот тим да управува со тракторот од далечина.

„Почнавме да го правиме ова бидејќи е време за сеење, а пиротехничарите се многу зафатени“, рече Кривцов. „Налетавме на противтенковска мина. Заштитата беше разнесена, но тракторот е недопрен. Сите сме живи и здрави, а опремата е обновена и поправена“, рече тој.

Украинскиот премиер Денис Шмихал минатата недела изјави дека Русите минирале околу 30 отсто од територијата на Украина и дека владата е фокусирана на што побрзо деминирање на земјоделското земјиште.

„Немаме време да ги деминираме полињата. Обемот на работа е огромен. Ќе требаат години за рачно деминирање на ова поле и да се осигуриме дека овде нема мини“, рече Серхеј Дудак, кој управува со специјалниот трактор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ