сабота, 27 јули 2024

Украинците жестоко нападнаа важен окупиран град на југот

Објавено на

часот

Сподели

Во градот снема струја поради гранатирањето, објавија официјални претставници назначени од Москва, повикувајќи се на информации од итните служби. Проруските власти ги повикуваат жителите да останат во засолништа. Работите на поправките и воспоставувањето снабдување со електрична енергија „ќе започнат веднаш штом ќе престане гранатирањето“, најавија проруските власти.

Окупаторските власти на Нова Каковка во четвртокот известија за „жестоки експлозии“ кои го оставија градот без струја. Во Нова Каковка, инаку, има важен хидроелектричен погон на реката Днепар. Во ноември минатата година, Владимир Леонтие, проруски функционер во Новаја Каковка, за руската режимска телевизија изјави дека хидроцентралата Каковка претрпе „огромна“ штета од украинското гранатирање, додавајќи дека поправките ќе траат најмалку една година.

Во тоа време, проруските власти тврдеа дека цивилите и руските сили се повлекле од западната кон источната страна на Днепар поради заканата од поплави кои можеле да бидат предизвикани од пукање на браната на хидроцентралата Каковка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ