недела, 20 октомври 2024

Украинците тврдат дека ја протерале руската бригада од Бахмут: Ги уништивме, му благодариме на Пригожин

Објавено на

часот

Сподели

Имено, источниот град Бахмут од зимата е главна цел на руската офанзива и упориште на најкрвавите битки во Европа од Втората светска војна.

Водачот на Вагнер во вторникот изјави дека руската бригада ги напуштила своите позиции.

„Нашата војска бега. 72-та бригада утринава загуби три квадратни километри, изгубивме околу 500 луѓе“, рече Пригожин, кој повеќе пати ги обвинуваше руските вооружени сили дека не даваат доволна поддршка за неговата приватна војска која се бори во Бахмут.

„Официјално е. Извештајот на Пригожин за бегството на руската 72 самостојна јуришна бригада од областа Бахмут и оставените ‘500 руски трупови’ е вистина. Третата јуришна бригада е благодарна за публицитетот за успехот на фронтот“, соопштија од бригадата.

Единицата формирана од националистичкиот баталјон Азов објави и видео од еден од основачите на Азов, Андреј Билецки, кој вели дека неговите сили ја „поразиле“ руската бригада, пренесува Ројтерс.

„Впрочем, шестиот и седмиот баталјон и бригадата беа речиси целосно уништени, разузнавачката служба на бригадата беше уништена, уништени се и голем број борбени возила, а значителен број војници се заробени. Нападите беа извршени на територија широка три километри и длабока 2,6 километри, а целата територија е целосно ослободена од руските окупаторски сили“, објави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ