сабота, 27 јули 2024

Украинците на митрополитот Павел му одредија 60-дневен домашен притвор

Објавено на

часот

Сподели

Киев им нареди на членовите на Украинската православна црква (УПЦ) да го напуштат манастирот Киевско-печерска лавра бидејќи го смета за проруски настроен и соработник на Москва, што УПЦ го негира. Во соопштението, УПЦ наведува дека судот му наредил на митрополитот Павел да носи електронска нараквица.

Новинските агенции Интерфакс Украина и Укринформ јавуваат дека Павел добил 60 дена домашен притвор. Според украинските безбедносни служби, митрополитот е осомничен за „оправдување на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина и величење на нејзините учесници“, како и за „нарушување на рамноправноста на граѓаните врз основа на нивната раса, националност и религија“.

„Не направив ништо. Верувам во политичкиот поредок“, изјави Павел пред новинарите по одлуката на судот. Претходно во саботата, кога беше приведен, митрополитот рече дека ги осудува сите обиди против Украина и дека она што го направи Русија (и Владимир) Путин е неоправдано.

Обвинителите велат дека куќниот притвор и електронското следење се мерки на претпазливост и дека судскиот спор ќе продолжи. Митрополитот Павел беше приведен и испрашуван од украинските власти три дена откако тој и неговите монаси добија известување да се иселат од манастирот среде конфликтот меѓу Украина и Русија.

Манастирот Киевско-печерска лавра од 11 век е на списокот на светско наследство на УНЕСКО и е седиште на УПЦ, кој до руската инвазија во февруари 2022 година беше под надлежност на Московската патријаршија. Во мај таа црква објави прекин на врските со Руската православна црква, чиј патријарх Кирил сесрдно ја бранеше војната против Украина. Но, владата во Киев смета дека оваа црква е всушност зависна од Москва.

Украинските власти им наредија на монасите да се иселат од манастирот најдоцна до среда, што тие одбија да го сторат. Мнозинството украински православни припаѓаат на посебен огранок, Православната црква на Украина, основана пред четири години со обединување на ограноци независни од Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ