Руската агенција ТАСС, која се повикува на официјалните изјави на земјите кои на Киев му испорачуваат тенкови, наведува дека Германија на 25 јануари најави дека на украинската војска ќе ѝ испрати 14 тенкови „леопард 2А6“ и вети дека ќе ѝ достави уште четири такви тенка на 24 февруари. Германскиот канцелар Олаф Шолц на 27 март кажа дека Украина веќе ги добила борбените возила.
Берлин исто така одобри набавка на 178 тенкови „леопард 1А5“ од залихите на одбранбената индустрија. Германија планира да испрати над 100 тенка до првиот или вториот квартал на 2024 година.
Норвешка на Киев му доставила осум тенка, а Португалија три. Полска најави трансфер на 14 тенкови „леопард 2А4“, четири беа испорачани на крајот на февруари, а останатите на почетокот на март годинава.
Британија најави дека планира да испрати четиринаесет тенка „челинџер 2“ во Украина, а Франција на Киев му донираше лесни тенкови АМКС-10РЦ.
Планирано е тенкови на Украина да ѝ испратат и САД, Канада, Шпанија, Шведска и Финска.