сабота, 27 јули 2024

Украинците бараат од Европејците да им ги вратат бегалците

Украина почнала разговори со претставници на Европската Унија за реформа на имиграциските прописи на блокот, а од Брисел побарале да ги поттикне украинските државјани да се вратат во својата земја на потекло „за да ја зајакнат нејзината економија“, пишува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Милиони Украинци ја напуштија таа земја во неделите по почетокот на руската инвазија во февруари 2022, откако ЕУ тогаш драстично ги ублажи условите за влез на територијата на нејзините земји членки.

Како што наведува Политико, околу 4,2 милиони Украинци ја искористиле можноста за влез во ЕУ користејќи ја таа директива, која ќе остане на сила до март 2025 година.

Меѓутоа, украинските власти сега од Брисел бараат да ги „поттикне“ Украинците да се вратат дома, а претседателот Володимир Злеенски во декември кажа дека на нивната војска по неуспешната офанзива ѝ се потребни 500.000 нови регрути за да ги пополнат настанатите дупки.

Украинскиот закон за вонредна состојба им забранува на мажите меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата, но се проценува дека околу 18 отсто од украинските бегалци во ЕУ се мажи кои спаѓаат во таа категорија, покажуваат податоците на Еуростат.

Советникот на Зеленски Сергеј Лешченко кажа дека „верува дека државите домаќини би требало да престанат да им пружаат поддршка на бегалците, за тие да се вратат во својата татковина“.

Тој во изјава за Политико се обиде да се дистанцира од своите коментари, наведувајќи дека тоа се негови лични ставови, а не позиција на претседателската администрација.

„Но мислам дека моите ставови се исти со ставовите на многу Украинци кои сега живеат во Украина, како и на многу државни функционери, кои се загрижени за економската стабилност на Украина“, кажа тој.

Иако Киев не упатил официјално барање до ЕУ за поттикнување на враќање на бегалците, дипломати од тој блок кажаа дека имало притисок од украинска страна да се заострат идните имиграциски правила, за луѓето да се вратат.

Украинската влада неодамна предложи контроверзен закон за мобилизација, кој предвидува намалување на старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров кажа дека тој закон е „неопходен за заштита на државата“, и дека треба што побрзо да биде одобрен.

Европските дипломати очекуваат украинскиот притисок да порасне откако тој закон ќе биде усвоен, наведува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ