вторник, 22 октомври 2024

Украинците урнаа мост во Русија (ВИДЕО)

Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, сподели на Телеграм видео на кое се гледа уривање на мост во областа Курск во Русија. Во него се вели дека украинските пилоти ги погодиле „непријателските упоришта“, опремата, логистичките центри и рутите за снабдување со „високо прецизни напади“.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Им благодарам на пилотите и на сите што ја обезбедуваат борбената ефикасност на авијацијата“, додаде тој.

Мостот на реката Сејм се наоѓа во близина на градот Глушков и ги поврзува деловите од областа Курск под контрола на Русија со деловите од регионот каде Украина напредуваше од почетокот на офанзивата на 6 август.

Руската агенција ТАСС објави дека Украина во петокот уништила мост во Курската област на реката Сејм, што ја отежнува евакуацијата на цивилите по украинската офанзива која започна на 6 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ