вторник, 22 октомври 2024

Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во Курската област во Русија (ВИДЕО)

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук денеска изјави дека украинските сили „кои спроведуваат операции во Курската област“ уништиле уште еден клучен мост.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Олешчук објави видео на Телеграм на кое се гледа „прецизен“ воздушен напад на мост, пишува Киев Индипендент.

„Еден мост помалку!“, наведе тој.

Иако не ја прецизираше локацијата на мостот кој е уништен, рускиот канал Маш на Телеграм наведе дека станува збор за мост на реката Сејм, во близина на Званоја.

Се соопштува и дека во нападот биле користени ракети ХИМАРС.

Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења.

Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост што го уништија украинските сили во областа Курск од почетокот на нападот врз тој руски регион на 6 август.

Претходно, на 16 август беше погоден мост на реката Сејм, во населбата Глушковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ