четврток, 9 јануари 2025

Украинците со дронови нападнаа два руски града (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала ги нападнаа руските градови Саратов и Енгелс, каде Русија има воздухопловна база за својата флота стратешки бомбардери, изјави гувернерот на Саратовската област.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Роман Бусаргин изјави дека два града биле цел на масовен напад со беспилотни летала и дека има оштетувања на индустриски објект. Тој не кажа дали е погодена воздушната база во Енгелс.

Бусаргин додаде дека избувнал пожар во погодената индустриска компанија, но дека нема евидентирани жртви. Руските медиуми поврзани со безбедносните служби објавија фотографии на кои се гледа голем пожар, а локалните жители велат дека слушнале повеќе експлозии.

Каналот „База“ на комуникациската платформа Телеграм соопшти дека пожар гори во близина на нафтениот капацитет.

Во воздухопловната база во Енгелс е сместена руската флота бомбардери со долг дострел, која е дел од стратешките нуклеарни сили на Москва, а се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва и на стотици километри од украинската граница.

Украина и претходно ја нападна базата. Тројца членови на руските воздухопловни сили загинаа во декември 2022 година кога таму беше соборен дрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ