среда, 8 јануари 2025

Украинците сè помалку му веруваат на Зеленски

Околу 52 отсто од Украинците му веруваат на претседателот Володимир Зеленски, што е пад од седум отсто во однос на октомври 2025 и 12 отсто помалку во однос на февруари, покажува ново истражување на Киевскиот меѓународен институт за социологија (КИИС) објавено денес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од друга страна, 39 отсто од анкетираните кажале дека не му веруваат на Зеленски. Анкетата е спроведена меѓу 2 и 17 декември минатата година и доаѓа во момент кога конфликтот со Русија се приближува на третата годишнина, а руските сили продолжуваат да напредуваат.

Довербата во Зеленски, кој имаше минимална популарност пред февруари 2022, нагло порасна откако Русија ја почна инвазијата, а претседателот не распишува нови избори иако одамна му е истечен мандатот.

Бројките почнаа да паѓаат во 2024, откако неуспешната офанзива на Киев беше заменета со руското напредување.

Зеленски повеќе го сакаат во западните (60 отсто) и централните региони на земјата (52 отсто), а помалку во јужните (46 отсто) и источните региони (42 отсто). Резултатите на истражувањето се засновани на телефонски разговори со 2.000 анкетирани кои живеат само на териториите под контрола на Киев.

Други неодамнешни социолошки истражувања укажуваат на умерен, но постојан раст на песимизмот меѓу Украинците кон развојот на конфликтот. Во друга анкета на КИИС од декември 2024, околу 38 отсто од анкетираните кажале дека се спремни на територијални отстапки во замена за мир, што е значително зголемување во однос на 19 отсто пред една година.

Се очекува почеток на можни мировни преговори во 2025 година бидејќи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги седне Москва и Киев на преговарачка маса, иако и понатаму не е јасно како тоа ќе му успее.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ