петок, 14 март 2025

Украинците при повлекувањето од Курск оставија големо количество западно оружје (ФОТО)

На крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска единица за дронови – Рубикон центарот за напредни беспилотни системи, почна разорен бран напади на главната линија за снабдување на украинскиот гарнизон во Суџа, центарот на украинските сили во западниот руски регион Курск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аналитичарот Ендрју Перпечуа нивните напади ги опиша како „напредни тактики со дронови“, вклучувајќи сложени заседи со повеќе експлозивни дронови кои „речиси истовремено напаѓаат на предните, задните и страничните делови на возилата“, а Рубикон успеа да уништи стотици украински воени возила.

Во понеделникот или вторникот украинските сили во Русија, околу 10.000 војници во повеќе механизирани бригади, се повлекоа од Курск.

Без линии за снабдување и во опасност да бидат опколени, Украинците се повлекле брзо, очигледно ноќе, пишува Форбс. Тешката опрема која не можеле да ја понесат со себе, едноставно им ја оставиле на Русите.

Рускиот плен вклучува некои од најдобри западни борбени возила и артилериска техника на елитните украински бригади.

За време на претходната американска влада на претседателот Џо Бајден Соединетите Американски Држави во 2023 ѝ дадоа на Украина 31 тенк М-1 „абрамс“, секој од нив добро оклопен и вооружен со топ од 120 милиметри.

Тенковите опремија еден баталјон во 47-та механизирана бригада на украинската војска, чии баталјони речиси непрекинато војуваа во источна и јужна Украина две години.

47-та механизирана бригада повеќе пати се нашла во ситуација да напушта оштетени М-1 во просторот меѓу украинските и руските линии, оставајќи им ги повеќемилионските тенкови на руските сили. Затоа, пишува Форбс, не треба да изненади тоа што бригадата, бегајќи од Курск, оставила уште еден оштетен „абрамс“, кој Русите го заробиле.

Овој тенк ги зголемува загубите на М-1 на 47-та украинска бригада на најмалку 10 и најмногу 19. За среќа на Украинците, тие треба да добијат уште 49 М-1 од австралиските воени залихи.

М-2 „бредли“ од 33 тони за 10 лица е можеби најдоброто борбено возило на украинските сили во војната со својата комбинација од мобилност, заштита и огнена моќ, благодарение на автоматскиот топ од 25 милиметри, пишува Форбс.

Американската влада ѝ испрати повеќе од 300 „бредли“ на Украина, а Украинците ги распоредија во најмалку шест баталјони од 31 возило, вклучувајќи ја и 47-та механизирана бригада. До оваа недела Украинците изгубија најмалку 80 од американските „бредлија“.

Заробени од овие оклопни возила во Курск би можело да има уште 81, пишува Форбс. Тоа што е лошо за Украинците, вакви возила повеќе нема да добиваат освен ако владата на американскиот претседател Доналд Трамп не се одлучи да испрати дополнителни возила од резервите на американската војска.

Пристигнувањето на првата британска хаубица М-777 во Украина пролетта 2022 беше пресвртница за украинските сили. Тоа значеше споро преминување на украинската артилерија од застарените советски на посовремените западни топови.

М-777 од 4,5 тони може да испука ненаведувана граната на оддалеченост до 30 километри. Тоа се неколку километри повеќе од советската 2С3 со калибар од 153 милиметри. Украинците вкупно добиле околу 200 М-777 и ги користеле долж целата линија на фронтот долга 1.290 километри.

Украинците изгубиле најмалку 55 хаубици М-777 за 37 месеци, а топот кој Русите го заробиле во Курск би можел да биде првиот нечепнат ваков топ во нивни раце.

Украинците вкупно изгубиле околу 500 возила и друга тешка опрема во Курск, пишува Форбс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ