четврток, 12 декември 2024

Украинците подготвуваат закон со кој на затворениците ќе им се овозможи да служат војска

Украинските пратеници денеска го изгласаа првото читање на законот со кој на осудените во Украина ќе им се овозможи да служат војска, со цел да им се помогне на војниците исцрпени по двегодишната војна со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот предвидува на затворениците кои ќе ѝ се приклучат на војската да имаат право на условна слобода, додека на оние кои отслужуваат казни за злосторства против човештвото, сексуално насилство, убиства или злосторства против националната безбедност нема да им биде дозволено да служат, пренесува Ројтерс.

Во првото читање беше донесен и посебен закон со кој се предвидуваат големи парични казни за граѓаните кои не ги почитуваат правилата за мобилизација.

Не е јасно колку дополнителни регрути ќе имаат право да се приклучат на војската доколку законот биде усвоен.

Украинскиот парламент исто така почна да го разгледува конечното читање на законот за измена на процесот на воена мобилизација по неколкумесечни расправи, а гласањето за него се очекува во четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ