Законот предвидува на затворениците кои ќе ѝ се приклучат на војската да имаат право на условна слобода, додека на оние кои отслужуваат казни за злосторства против човештвото, сексуално насилство, убиства или злосторства против националната безбедност нема да им биде дозволено да служат, пренесува Ројтерс.
Во првото читање беше донесен и посебен закон со кој се предвидуваат големи парични казни за граѓаните кои не ги почитуваат правилата за мобилизација.
Не е јасно колку дополнителни регрути ќе имаат право да се приклучат на војската доколку законот биде усвоен.
Украинскиот парламент исто така почна да го разгледува конечното читање на законот за измена на процесот на воена мобилизација по неколкумесечни расправи, а гласањето за него се очекува во четврток.