Украинската армија, поточно војниците на 255-от јуришен баталјон, кој се бори на источниот фронт, објавија слики од уништениот украински град Часив Јар, кој руските сили со месеци го напаѓаат и се обидуваат да го освојат.
Снимките од дрон покажуваат дека речиси и нема неоштетени згради.
Во близина на куќите има кратери од руски гранати и ракети, како и паднати дрвја.
На видеото се гледаат црквата и игралиштето што биле уништени во руските напади.
На периферијата се крева чад.
Зруйнований Часів Яр. Відео: батальйону "Чорний лебідь" pic.twitter.com/qFTtGsKuk1
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) April 16, 2024