сабота, 27 јули 2024

Украинците објавија сателитски снимки: Го оштетивме најсовремениот руски авион

Украина објави дека нејзините сили прв пат собориле најсовремен руски борбен авион Су-57 на аеродром во Русија. Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на 8 јуни на територијата на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област на Русија, кој се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот, погоден е повеќенаменски ловец Су-57, пренесува Интерфакс Украина.

Украинските разузнавачи во своите тврдења се повикуваат на сателитски снимки од местото каде што се наоѓал авионот на аеродромот.

„Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни Су-57 стоел недопрен, веќе следниот ден во негова близина како последица од пожар се појавиле кратери од експлозии и карактеристични траги од пожар“, се вели во соопштението.

Су-57 е најсовремениот руски ловец. „Оштетувањето на Су-57 е прв ваков случај во историјата“, додаваат Украинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ