недела, 20 октомври 2024

Украинците нападнаа важна руска нафтена рафинерија во Москва (ВИДЕО)

Руската нафтена компанија Гаспром Нефт ја прекина работата на рафинеријата Еуро+ по пожарот кој завчера беше предизвикан од голем напад на украински беспилотни летала, објави Ројтерс повикувајќи се на свои извори.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Десетици беспилотни летала наводно гаѓале неколку руски региони во текот на ноќта на 1 септември, вклучувајќи ја и Москва.

Дронот наводно бил уништен во близина на нафтена рафинерија во Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин. Една од зградите на рафинеријата била оштетена од пожар по нападот, јави руската новинска агенција РИА Новости.

Украина сè уште не го коментираше нападот.

Извори за Ројтерс изјавија дека рафинеријата Еуро+ сочинува околу 50 отсто од капацитетот на целата фабрика. Тие додадоа дека рафинеријата би можела да продолжи со работа за пет до шест дена, откако ќе завршат поправките.

Минатата година фабриката во Москва преработила 11,6 милиони тони сурова нафта, наведува Ројтерс. Украинските вооружени сили редовно ги гаѓаат руските складишта за нафта и рафинерии за да го намалат рускиот воен потенцијал во војната против Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ