петок, 21 март 2025

Украинците ќе бидат во новата рунда преговори со САД, но не во иста просторија со Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, додека дипломатските напори за ставање крај на војната се интензивираат, дека украинските експерти ќе бидат присутни на разговорите меѓу САД и Русија во понеделник, но тие нема да бидат во иста просторија со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руски и американски експерти ќе разговараат за начините за осигурување безбедност на бродовите во Црното Море на преговорите за можно мировно решение во Саудиска Арабија во понеделник, соопшти Кремљ.

„Таму ќе бидат присутни технички групи“, рече Зеленски за време на посетата на Норвешка.

„Колку што разбрав, структурата е следнава: ќе има средба меѓу Украина и Америка, а потоа некаква шатл-дипломатија, како што рекоа нашите американски колеги, меѓу Америка и Русија“, рече тој на прес-конференција со норвешкиот премиер.

Зеленски вчера најави дека Киев ќе состави список на објекти кои би можеле да бидат предмет на делумен прекин на огнот, со посредство на Вашингтон. Тој список не ја вклучува само енергетската, туку и железничката и пристанишната инфраструктура, рече тој.

Украинскиот лидер денеска зборуваше во Норвешка, жесток поддржувач на Украина, еден ден по неговото патување кај слично настроената Финска, во обид да обезбеди европска поддршка во услови на поделби меѓу земјите во регионот околу тоа како да се зајакнат Киев и воените капацитети на Европската унија.

Претходно денеска, Зеленски ги повика лидерите на ЕУ на состанокот во Брисел да одобрат пакет од најмалку пет милијарди евра воена помош за Украина и повика на континуиран притисок врз Русија.

Зборувајќи на самитот на ЕУ преку видео врска, Зеленски рече дека е „едноставно антиевропско кога едно лице блокира одлуки важни за целиот континент“, мислејќи на противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на европските пораки за поддршка за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ