сабота, 27 јули 2024

Украинците го нападнаа Луганск, црн чад над градот (ВИДЕО)

Две експлозии одекнаа во Луганск, град под руска окупација, пишува Украинска правда. Се појавија повеќе снимки на кои се гледа чад што се издига над местото на ударот.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Русите објавија дека експлозиите се случиле во близина на автобуската станица. Првите информации укажуваат дека се работи за ракетен напад.

„Според прелиминарните податоци, украинските војници истрелале две ракети „сторм шедоу“ кон Луганск“, изјави неименуван функционер на самопрогласената Народна Република Луганск за руската државна новинска агенција Тасс.

Новинар на Тасс од местото на настанот извести дека во нападот биле оштетени неколку станбени згради и дека на терен излегле припадници на итната помош.

Русите наведуваат дека ова е прв напад врз Луганск од мај минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ