сабота, 27 јули 2024

Украинците го губат градот Авдеевка, ситуацијата е критична

Украинскиот град Авдеевка, местото на кое веќе со месеци се води жестока битка, наскоро може да падне. Како што се јавува на украинските канали на Телеграм, ситуацијата за украинските сили е критична, а руските трупи напредуваат. Минатиот октомври Русија ја почна офанзивата на населбата од која со години се гранатира блискиот град Доњецк, а кој е под руска контрола.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија, според украинските и западните тврдења, претрпела огромни загуби, и во војници и во опрема. Се зборуваше дека руските војници се топовско месо бидејќи командантите ги испраќаат да гинат во бескрајни напади. Но и покрај наводните големи загуби, силите напредуваат, а Украинците сега признаваат дека градот е пред пад.

Телеграм каналот Укрејн фајтс објави дека „ситуацијата во градот станала критична“, додавајќи дека руските јуришни авиони го гаѓаат градот од североисток и дека руските трупи ги заобиколиле украинските борбени формации и се зацврстиле во згради.

„Тоа значи дека се неколку стотици метри од главната логистичка артерија на украинските бранители. Се одлучува за судбината на Авдеевка“, се наведува.

Телеграм каналот Батусов плус јави дека се воделе улични борби во северното предградие на Авдеевка, каде се вкопани руските единици. Украинска бригада се бори против поголем број руски војници, кои постојано се засилуваат.

„На Авдеевка итно ѝ се потребни свежи резерви и ротација на единиците на херојската 110-та бригада“, се наведува во постот, а се додава и дека е итно потребна муниција и дека ситуацијата е критична.

Дописникот на Волстрит џурнал Јарослав Трофимов на Икс напиша дека „сè е поверојатно дека Авдеевка ќе стане првиот украински град кој ќе падне од заземањето на Бахмут минатиот мај“. Додава дека акутниот недостиг на муниција е предизвикан од одлуките во американскиот Конгрес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ