сабота, 27 јули 2024

Украина засекогаш ги изгуби Херсон и Азовско Море, вели заменик-премиерот на Крим

Објавено на

часот

Сподели

„Украина засекогаш го изгуби Азовско Море. Пристаништата во регионите Запорожје и Херсон повеќе никогаш нема да бидат украински. Сигурен сум, по обединувањето на нашите региони со Русија, дека Азовското Море, како и претходно, ќе стане исклучиво руско море“, кажа Георги Мурадов.

РИА го цитира и Владимир Рогов, функционер кој Русија го постави во окупираниот регион Запорожје, кој го кажа истото – дека регионите Запорожје и Херсон повеќе никогаш нема да се вратат под контрола на Киев.

Русија го анектираше Крим по државниот удар во Киев во 2014 година. Украина во повеќе наврати кажа дека нема да се согласи на каков било мировен план кој нема да вклучува враќање на сите окупирани делови под контрола на Киев. Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и премиер, кажа дека Русија, пак, нема да се согласи на каков било договор кој не го признава Крим како руска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ