сабота, 27 јули 2024

Украина за прв пат ја нападна Северна Осетија со беспилотни летала, Русија тврди дека ги соборила

Украински беспилотни летала денеска полетаа за прв пат кон Северна Осетија во Русија, каде што се наоѓа стратегискиот аеродром Моздок, на 1.000 километри од украинската граница, изјавија за Униан извори од Одбранбената разузнавачка служба (ГУР).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Успешна операција на ГУР, активностите продолжуваат“, изјави соговорникот за Униан без да даде дополнителни детали.

Шефот на Република Северна Осетија, Сергеј Мењаило, денеска на својот канал на Телеграм објави дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле три украински беспилотни летала.

„Според прелиминарните информации, беспилотните летала пристигнале од украинска страна, нивна цел бил воениот аеродром“, изјави Мењајло.

Униан наведува дека на аеродромот во Моздок има бомбардери Ту-22М3, кои оттаму полетуваат за да извршат масовни напади врз Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ