сабота, 27 јули 2024

Украина врати мал дел од територијата на Запорожје

Украина соопшти дека вратила 400 метри од својата територија југозападно од Вербов во регионот на Запорожје.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на армијата, Олександар Ступун изјави дека напредувањето кон југ е сè уште тешко поради руските мински полиња и силно зајакнатата одбрана, пренесува Гардијан.

Селото Вербов е неколку километри источно од Роботин, село што Украина го освои минатиот месец додека се обидува да се пробие на југ кон Азовското Море.

Украинската војска соопшти дека нејзините сили биле под оган во близина на градовите Купјанск и Авдиивка. Ступун рече дека руските сили „не престануваат со своите обиди да ја опколат Авдиивка и продолжуваат да вршат притисок таму“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ