сабота, 27 јули 2024

Украина: Во руското оружје се повеќе кинески делови. Кина: Отсекогаш сме биле одговорни

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме да наоѓаме разновидна електроника во оружјето пронајдено на бојното поле“, рече Владислав Власиук, кој го советува шефот на кабинетот на претседателот за политиката на санкции.

„Сега е тренд да има помалку компоненти произведени на запад, но веќе не е тешко да се погоди која земја ги произведува компонентите. Се разбира, Кина“, рече Власиук преку видео повик.

Кина во повеќе наврати негираше дека испраќа воена опрема во Русија од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Нападот беше поттик за западните санкции, кои вклучуваат испраќање воена технологија и технологија за двојна употреба, како што се микрочипови кои можат да се користат во обични уреди или оружје.

Украинските експерти собраа разузнавачки информации од бојното поле и ги споделија со Ројтерс. Тие наведуваат дека во навигацискиот систем на беспилотните летала Орлан биле пронајдени компоненти од кинеско производство.

Експертите известија и за откривање на кинески делови во системот за контрола на оган во руски тенкови кои претходно користеле делови од француско производство.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди разузнавачките податоци и дали споменатите компоненти можеби биле наменети за невоена употреба или биле преместени во Русија од трета страна.

„Кина во текот на историјата иницираше нормална трговска соработка со сите земји, вклучително и Русија, врз основа на еднаквост и взаемна корист“, изјавија за Ројтерс од канцеларијата на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Во однос на извозот на воени предмети, Кина отсекогаш заземала претпазлив и одговорен став. Кинеската позиција и активности секогаш биле такви“, додаваат тие.

Власиук рече дека Украина можела да идентификува некои производители или добавувачи и да ги сподели тие информации со западните сојузници.

Меѓу кинеските добавувачи се Чајна норт индустрис груп (Норинко) и Шиншинг Гуанчоу импорт-експорт, според украинскиот официјален претставник.

Вработен во Норинко, кој сакаше да остане анонимен, рече дека компанијата „не испорачува делови за воена опрема на Русија“.

Руското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ