сабота, 27 јули 2024

Украина: Во размената на воени заробеници со Русија беа ослободени повеќе од 100 лица

Објавено на

часот

Сподели

Андриј Јермак, советник на украинскиот претседател, објави дека 130 војници, морнари, граничари и други кои биле заробени од Москва, се враќаат дома во „големата велигденска размена на затвореници“.

Јермак на Телеграм изјави дека меѓу ослободените има и војници кои се бореле во близина на Бахмут, на истокот на Украина, кој со месеци е епицентарот на руската офанзива.

„Животите на нашиот народ се најголемата вредност за нас“, рече Јермак, додавајќи дека целта на Киев е да ги врати сите преостанати воени заробеници.

Засега нема информации колку руски воени заробеници биле ослободени во размената. Канцеларијата за печат на шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска објави и видео на кое се гледа како украинските воени заробеници се подготвуваат за размена.

Во центарот на Киев денеска народот се собра во дворот на манастирот Свети Михаил за свештеникот да ги благослови со велигденски јајца и корпи со храна. Поради полицискиот час, повеќето од нив не можеа да присуствуваат на традиционалната ноќна богослужба, а многумина ја следеа преку интернет. Украинските цркви вообичаено се полни на Велигден, но оваа година големиот двор едвај до половина беше полн.

Главната украинска безбедносна служба ги повика граѓаните оваа недела да не остануваат долго во црквите на Велигден, за да нема гужви и да има помали безбедносни ризици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ