сабота, 27 јули 2024

Украина веќе една година лови еден руски шпионски брод

Во текот на Студената војна шпионски бродови на советската морнарица се прикрадуваа околу бреговите на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници детектирајќи и класификувајќи воени радари и други системи со своите чувствителни електронски приемници.

Фото: Викимедиа комонс

Објавено на

часот

Сподели

Денес тие АГИ бродови (анг. auxiliary, general intelligence) ги заменија многу пософистицирани разузнавачки бродови. Едно од нив е Иван Курс, кој плови во рамки на Црноморската флота на руската морнарица, пишува Форбс.

Веќе речиси една година украинската војска со поморски дронови и проектили го лови бродот и неговиот екипаж. Тврдат дека пред една недела успеале да го погодат и оштетат бродот со крстосувачка ракета во пристаниште во Севастопол. Во истиот напад наводно оштетиле и три десантни брода.

Пред десет месеци, минатиот мај, поморски дронови на украинската морнарица го ловеле Иван Курс околу 120 километри североисточно од Босфор, на западот на Црно Море. „Дронот мораше да плови повеќе од 500 километри во екстремно тешка операција“, кажал официјален извор за украинска Правда. „Почетокот на мисијата беше одложена поради лошото време бидејќи постојано се прекинуваше врската“.

Кога дронот се приближил и експлодирал, не го оштетил Иван Курс. Бродот наскоро бил забележан на враќање во Севастопол.

Иван Курс е опремен со радарски приемници и друга опрема за електронско прислушување кои му овозможуваат да ги лоцира украинските радари и проектили, особено оние поставени по брегот на Црно Море кои ги ловат руските авиони над морето и руските бродови во морето.

Украинците оштетиле десетина бродови на црноморската флота, кои пред војната биле триесетина. Русите вложуваат сè повеќе напори во спречување понатамошни загуби, што вклучува и мапирање на украинските крајбрежни сили.

Украинците сакаат да го спречат тоа и да продолжат да ја напаѓаат морнарицата, за што мора да го потопат бродот Иван Курс. Нејасно е колку бродот е оштетен во минатонеделниот напад. Сателитските снимки покажуваат траги од пожар на прамецот. Не се знае дали бродот е функционален или не.

Во секој случај, Иван Курс сè уште плови, што значи дека постојат големи шанси Украинците повторно да се обидат да го нападнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ