среда, 23 октомври 2024

Украина тврди декса потопила руска подморница во Црно Море

Украинската војска соопшти дека во изминатите 24 часа потопила руска подморница во Црно Море и погодила аеродром во Русија, додека руската страна соопшти дека украински дронови погодиле станбена зграда, убивајќи едно лице.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ваквите напади се засилија откако Киев изврши притисок врз западните сојузници да му дозволат да користи ракети со среден дострел за гаѓање цели длабоко во руската територија. Западот, особено Соединетите Американски Држави, досега не се согласуваа, плашејќи се од ескалација на конфликтот.

„Украина погоди руска подморница од класата „кило“ и противвоздушен рекетен комплекс С-400 на полуостровот Крим“, се тврди во денешното соопштение на украинскиот генералштаб. Системот за противвоздушна одбрана беше поставен за заштита на мостот во Керченскиот теснец, важен логистички и транспортен јазол за снабдување на руските сили.

Украинскиот генералштаб тврди и дека украинските сили нападнале аеродром во Морозовск, во Ростовската област, откако почнале масовен напад со дронови на Русија. Според нив погодени се магацини за муниција, во кои биле сместени наведувани авионски бомби.

Во меѓувреме, гувернерот на белгородската област Вјачеслав Гладков кажа дека една жена е убиена во напад на украински дрон на станбена зграда во градот Шебекино рано утринава. Украински дронови оштетиле и неколку други згради во градот.

Гладков кажа дека осум цивили биле ранети во украинското гранатирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ