петок, 26 јули 2024
11-ти соборен авион месецов

Украина тврди дека соборила руски борбен авион: „Падна су-34“

Киев во четвртокот објави дека соборил борбен авион на Русија над источните региони на Украина.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили, на Телеграм соопшти дека е соборен руски авион сухој су-34.

„Денес, 29 февруари, е датум што се случува еднаш на секои четири години, но стана типичен ден за Русите бидејќи изгубија уште еден авион. Еден Су-34 помалку на источниот фронт!“, напиша Олешук.

Ова е трет руски авион соборен во последните три дена и 11-ти во последниот месец, вели Украинска правда.

Дополнителни информации за инцидентот не се објавени, а руските власти сѐ уште не ги коментирале тврдењата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ