Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили, на Телеграм соопшти дека е соборен руски авион сухој су-34.
„Денес, 29 февруари, е датум што се случува еднаш на секои четири години, но стана типичен ден за Русите бидејќи изгубија уште еден авион. Еден Су-34 помалку на источниот фронт!“, напиша Олешук.
Ова е трет руски авион соборен во последните три дена и 11-ти во последниот месец, вели Украинска правда.
Дополнителни информации за инцидентот не се објавени, а руските власти сѐ уште не ги коментирале тврдењата на Украина.