петок, 26 јули 2024

Украина тврди дека руските сили го користат Старлинк на Маск во окупираните територии: наводно е пресретнат разговор на војници

Функционери на украинската војска соопштија денес дека руските сили во окупираните области на источна Украина ги користат терминалите на сателитскиот интернет сервис Старлинк на Илон Маск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главната разузнавачка управа на украинското министерство за одбрана објави на Телеграм аудио снимка на наводно пресретнат разговор на двајца руски војници, наведувајќи дека тоа е доказ дека Старлинк системски за употребува.

Компанијата Спејсекс, која управува со терминалите на Старлинк, наведе на 8 февруари на социјалната мрежа Икс дека „на никој начин не соработува со руската влада или нејзината војска“ и дека нејзиниот сервис не работи во Русија.

Разузнавачката управа соопшти дека на аудио снимката објавена на Телеграм се слушаат војници од 83 воздушно-јуришна бригада кои разговараат за поставување терминали на истокот на Украина.

Во соопштението не се изнесени детали за обемот на наводната употреба или начинот на кој терминалите се добиени. Портпаролот Андреј Јусов кажа во саботата за украинските медиуми дека користењето на Старлинк „почнува да добива системски карактер“.

Старлинк е мрежа од повеќе од 2.000 сателити кои кружат околу Земјата во комуникација со илјадници терминали на земја. Активиран е низ Украина на крајот на февруари 2022 откако интернет услугите беа прекинати поради инвазијата на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ