сабота, 27 јули 2024

Украина тврди дека нападнала руски воен брод на Крим: „Уште еден лош ден за руската Црноморска флота“

Украинската војска соопшти денес дека го нападнала спасувачкиот брод на руската воена флота во Црно Море на полуостровот Крим и додаде дека бродот сега е неупотреблив.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Уште еден лош ден за руската Црноморска флота. Украинската морнарица денес го погоди рускиот спасувачки брод „Комуна“ на привремено окупираниот Крим“, соопшти украинското министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс.

Се додава дека во тек е проверка на „природата на штетата“.

„Комуна“ е брод за спасување на отворено море, како во случај на потопени подморници или изгубен товар. Тоа е еден од најстарите руски воени бродови кој е сè уште во функција.

Бродот влегол во функција во 1915 година и учествувал во двете светски војни е најстариот воен брод кој е сè уште во служба во светот, според неколку воени сајтови.

Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Пелетенчук кажа дека не ја знае точната природа на штетата предизвикана од нападот, но дека „бродот повеќе не е способен да ги врши своите задачи“.

„Тоа ќе продолжи сè додека на Русите не им снема бродови или не го напуштат Крим“, додаде тој.

Гувернерот на Севастопол Михаил Развожаев кажа претходно денес дека руската војска „одбила напад со противбродска ракета“ на тој брод во големиот пристанишен град.

Тој не го прецизираше името на нападнатиот брод, но кажа дека е предизвикан помал пожар, кој брзо бил изгасен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ