сабота, 27 јули 2024

Украина со дронови нападнала руска рафинерија за нафта (ВИДЕО)

Украина погодила руска рафинерија за нафта во градот Туапсе  со дронови со кои управувала безбедносната служба СБУ, соопштил денес украински извор за агенцијата Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворот кажа дека Киев ќе продолжи да напаѓа објекти кои обезбедуваат гориво за руската војска.

„СБУ удира длабоко во Руската Федерација и ги продолжува нападите на објекти кои се важни не само за руската економија, туку и обезбедуваат гориво за непријателските трупи“, кажал изворот за британската агенција.

Туапсе е град во руската покраина Краснодар и се наоѓа на североисточниот брег на Црно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ