сабота, 27 јули 2024

Украина со беспилотни летала нападна области низ Русија, загинаа девојка и работник во рафинерија

Украина денеска повторно со беспилотни летала ја нападна Русија, каде што се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на Владимир Путин.

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 35 украински беспилотни летала, од кои четири во московскиот регион.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека нема жртви или материјална штета.

Според Министерството за одбрана, уште две беспилотни летала биле соборени над Калушката област јужно од Москва и Јарославската област североисточно од главниот град.

Јарославската област се наоѓа на околу 800 километри од украинската граница, а тоа е еден од најдалечните напади што Украина ги има изведено досега.

Неколку украински беспилотни летала беа соборени над регионите Белгород, Курск и Ростов, кои граничат со Украина.

Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека во денешниот напад е убиено 16-годишно девојче, а нејзиниот татко е повреден.

Во Краснодарската област беспилотно летало паднало во рафинерија, предизвикувајќи пожар, кој бил изгаснат неколку часа подоцна, а еден работник починал од срцев удар за време на нападот, соопштија регионалните власти.

Рафинериите и нафтените терминали се клучни цели на нападите со украински беспилотни летала.

Путин ги окарактеризира украинските напади како обиди да се заплаши руското население и да се нарушат претседателските избори.

„Тие непријателски напади не беа и нема да останат неказнети“, рече тој на состанокот на Советот за безбедност во петокот.

Денеска е последниот ден од изборите во Русија, кои почнаа на 15 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ