четврток, 26 декември 2024

Украина: Русите зазедоа 70 отсто од Северодоњецк

Објавено на

часот

Сподели

Сергеј Хајдај призна дека заземањето на градот би имало големо значење за Русија, но смета дека украинските трупи би можеле тактички да се повлечат од градот за да се спасат животи и потоа да заземат одбранбени позиции за да го сопрат понатамошното руско напредување.

„Ми се чини, но јас не сум воено лице, дека нема смисла да се губат многу војници за повторно да се заземе градот кој нема стратегиска важност. Во воена смисла градот не е битен бидејќи, на пример, соседниот град Лисичанск има повеќе повисоки терени на кои војниците би имале подобри позиции“, кажа Хајдај.

„Го сопиравме напредувањето на руската војска повеќе од три месеци, тоа мора да се разбере. А тие сега ги испратија сите свои трупи да ја заземат областа на Луганск. Колку повеќе се држиме, добиваме повеќе странско оружје, ги вооружуваме војниците и потоа можеме да ја сопреме руската војска, подоцна дури и да тргнеме во контранапад“, додаде.

Руските сили се фокусираа на Доњецк и Луганск, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека заземањето на тие области се безусловен приоритет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ