петок, 27 декември 2024

Украина: Русите преминаа на тактика на спржена земја, во Бахмут носат специјалци

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот напад на Бахмут, мал град во Доњецката област, е центар на најжестоката битка од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година.

„Непријателот премина на таканаречената тактика на спржена земја од Сирија. Уништува згради и позиции со воздушни напади и артилериски оган“, кажа генералот Александар Сириски, командантот на украинската копнена војска.

Додаде дека украинската одбрана на градот продолжува. „Ситуацијата е тешка, но може да се контролира“, ја пренесе неговата изјава украинскиот воен центар за медиуми.

Кажа дека руските сили носат специјални единици за да го поддржат нападот на градот бидејќи членовите на руската приватна безбедносна група Вагнер се „исцрпени“. Ројтерс истакнува дека не може да ја потврди веродостојноста на тврдењата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ