сабота, 27 јули 2024

Украина: Русите набавуваат делови за воената опрема од Западот и покрај санкциите

Западни компанија на Русија во првите 10 месеци од 2023 година ѝ испорачале делови кои можат да се користат за воено производство во вредност од 2,9 милијарди американски долари и покрај санкциите, објави денес кабинетот на украинскиот претседател. Киев врши притисок врз своите западни сојузници да ги заострат санкциите против Русија и да спречат нивно заобиколување предупредувајќи дека Москва и понатаму увезува воена роба за војната во Украина.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот увоз на воена роба во 2023 изнесувал 90 отсто од увозот на таа роба пред почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022, објави кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. Кабинетот се повикува на истражување на работната група предводена од шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак со поранешниот американски амбасадор во Москва Мајкл Мекфаул.

Истражувањето се фокусирало на руските обиди за заобиколување на санкциите на воена роба. „Производи од повеќе од 250 западни претпријатија се пронајдени во примероци на уништено или запленето руско оружје“, објави кабинетот на Зеленски.

Киевскиот економски факултет, кој учествувал во истражувањето, објави дека речиси 2. Странски делови биле најдени во руска воена опрема, вклучувајќи ги хиперсоничните проектили „кинжал“. „Дури 95 отсто од сите делови најдени во руското оружје на боиштето потекнуваат од произведувачи во коалициски земји, а 72 отсто само од претпријатија со седиште во САД“, се наведува.

Русија не ги коментираше украинските тврдења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ