Рускиот увоз на воена роба во 2023 изнесувал 90 отсто од увозот на таа роба пред почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022, објави кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. Кабинетот се повикува на истражување на работната група предводена од шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак со поранешниот американски амбасадор во Москва Мајкл Мекфаул.
Истражувањето се фокусирало на руските обиди за заобиколување на санкциите на воена роба. „Производи од повеќе од 250 западни претпријатија се пронајдени во примероци на уништено или запленето руско оружје“, објави кабинетот на Зеленски.
Киевскиот економски факултет, кој учествувал во истражувањето, објави дека речиси 2. Странски делови биле најдени во руска воена опрема, вклучувајќи ги хиперсоничните проектили „кинжал“. „Дури 95 отсто од сите делови најдени во руското оружје на боиштето потекнуваат од произведувачи во коалициски земји, а 72 отсто само од претпријатија со седиште во САД“, се наведува.
Русија не ги коментираше украинските тврдења.