вторник, 24 декември 2024

Украина: Русите го откажаа летниот распуст за учениците во Мариупол, ќе учат руски јазик и историја

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили што го окупираа Мариупол одлучија да го откажат летниот распуст за да можат студентите да ја совладаат руската програма, изјави денеска украинскиот градски челник. Според Петро Андрјушченко, советник на градоначалникот на пристанишниот град, каде што деновиве се предадоа последните украински борци, „окупаторите рекоа дека учебната година се продолжува до 1 септември“.

„Цело лето децата ќе имаат часови по руски јазик и литература, руска историја и математика на руски јазик“, рече тој.

„Главната задача е деукраинизација и подготовка на новата учебна година според руската наставна програма“, додаде тој.

„Но руските окупатори досега не успеаја да најдат доволен број професори, само 53 наставници за девет училишта“, рече тој. Андрјушченко не кажа колку ученици се опфатени со одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ