Тие се меѓу повеќе од 180 руски ракетни и напади со беспилотни летала на украинската престолнина во првите три месеци од оваа година, соопшти киевската воена управа во пост на Телеграм.
Ракетите „циркон“ имаат дострел од 1.000 километри и патуваат со девет пати поголема брзина од звукот, соопштија руските власти.
Воените аналитичари истакнуваат дека хиперсоничната брзина на овие ракети би можела да значи значително намалено време на реакција за противвоздушната одбрана и способност да се нападнат големи, длабоки и утврдени мети.
Претседателот Владимир Путин потврди во годишното обраќање за состојбата на нацијата на 29 февруари дека Русија ги користела ракети „циркон“, не наведувајќи кои локации биле гаѓани.
Тој ја опиша „циркон“ како дел од новата генерација оружени системи која нема конкуренција.
Киевската администрација соопшти дека градот од почетокот на 2024 година бил погоден и со шест други видови проектили, вклучувајќи ги крстосувачките проектили Кх-101.
Русија исто така на украинската престолнина испукала 11 проектили „кинжал“, уште едно хиперсонично оружје кое се движи со брзина неколку пати поголема од звукот, се наведува во соопштението.
Од Москва нема коментар на овие тврдења.
Русија редовно најавува ракетни напади на Украина против, како што се наведува, воени и енергетски цели, иако некои ракети погодувале и цивилни згради, пишува Ројтерс.
Во текот на изминатите две недели, Русија го засили бомбардирањето на електроенергетската и гасната инфраструктура низ Украина, предизвикувајќи значителна штета и недостиг од струја во неколку големи градови.
Од почетокот на конфликтот во февруари 2022, руските сили се обидувале да погодат и политички, воени и други цели во Киев.