сабота, 21 декември 2024

Украина реши да го заплени имотот на грчко-рускиот бизнисмен Савидис

Украинскиот суд го потврди владиното барање за запленување на имотот на грчко-рускиот бизнисмен Иван Саввидис и неговата сопруга Киријаки. Украинското Министерство за правда соопшти дека Високиот антикорупциски суд на Украина во четвртокот го прифатил барањето за запленување на имотот на Саввидис во земјата, пренесува Екатимерини.

Објавено на

часот

Сподели

Заплената е направена според украинскиот закон за санкции.

Саввидис „е руски претприемач со грчко потекло кој има блиски врски со руската влада и владејачката партија Единствена Русија. Тој е претседател на Федерацијата на грчките заедници на Русија, преку која се дава идеолошка поддршка за дејствата на државата агресор со глорифицирање на претседателот на државата агресор и воениот персонал кој учествува во воените операции во Украина. Наведената активност има постојан и долгорочен карактер и се спроведува од 2014 година“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Конфискуваниот имот ги вклучува сите акции на Пентопак, приватна акционерска компанија за пакување храна и капиталот во украинската подружница на компанијата Атлантис-Пак.

Саввидис, кој е роден во советска Грузија во 1959 година од родители грчки имигранти, беше руски пратеник од 2003 до 2011 година од партијата Единствена Русија на Владимир Путин. Тој е член на комитетот за надворешни односи кој го советува рускиот претседател.

Од 2012 година Савидис е сопственик на солунскиот фудбалски тим ПАОК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ