сабота, 27 јули 2024

Украина очекува покана од НАТО во јули а потоа и почеток на преговорите со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна и дека се надева дека оваа година ќе почнат и пристапните преговори на Украина со ЕУ и додаде дека неговата држава „направила и чекор во исполнувањето на седумте услови кои Европската комисија ги постави за влез во ЕУ“.

На првиот ден на конференцијата во дебатата за нападот на Русија на Украина Стефанчук апелираше до западните сојузници да ѝ испраќаат на Украина муниција и оружје бидејќи се подготвува за ослободување и истакна дека сега на Киев му е потребно квалитетно воздухопловство.

„Русија би требало да плати за тоа што врши агресија. Добро би било да постои правен механизам кој би овозможил замрзнатите средства на руската држава да се искористат за обнова на Украина“, кажа претседателот на украинскиот парламент.

На почетокот на расправата претседателката на Пратеничкиот дом на парламентот на Чешка, Маркета Пекарова Адамова, исто така меѓу петте главни задачи на ЕУ ја истакна политиката на проширување, вклучувајќи ја Украина, што би требало да се одрази и во процесот на обнова на таа земја по војната.

„Мораме да сфатиме дека се одлучува на боиштето. Затоа е нужно апсолутно да се одбие тезата дека со испораките на оружје на земјата која се брани, само долеваме масло на огнот. Токму спротивното. И тие кои повикуваат на мирно решение, би требало да признаат дека за мир може да се преговара само од позиција на сила. Испораките на оружје се нужен предуслов“, кажа Пекарова Адамова.

Таа апелираше Европа „да направи сè за Украина што побрзо да победи“.

„Победата на руската диктатура и бруталност во Украина само би поттикнала други потенцијални агресори – од Блискиот Исток до Тајван. Агресијата против Тајван би имала екстремни последици по Европа и во економската област. Нужно е партнерите во Африка и Јужна Америка да ги убедиме како вистински стојат нештата“, кажа Пекарова Адамова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ